Женева: 62 редовна конференција на ОН за човекови права

Во Женева денеска се одржува 62 редовна конференција на Обединетите Нации за човекови права, без јасна програма и дневен ред. Тоа се должи на на неизвесноста дали Соединетите Држави ќе се согласат со планот за креирање нов Совет на Обединетите Нации за човекови права, кој треба да ја замени досегашната Комисија често критикувана дека дозволува некои земји да го користат членството за да се заштат од осуда.