Багдад: Убиен еден од главните уредници на ирачката телевизија

Непознати напаѓачи денеска во Багдад го убиле Амад Хамед, еден од главните уредници на Ирачката телевизија. Во нападот бил ранет и неговиот возач. Во меѓувреме, ирачката полиција соопшти дека во Багдад и околуната се уапсени 20-тина осомничени бунтовници за кои се верува дека се одговорни за бомбашките напади врз шиитски верски објекти.