Атина: 60 грчки левичари потпишале петиција за нарекување на Република Македонија со уставното име

Околу 60 познати грчки левичари потпишале петиција, што ја објави весникот Елефтеротипија, во која се вели дека Република Македонија треба да се нарекува со нејзиното уставно име. Десетици држави ја признаа Република Македонија под тоа име и таа земја е запишана како таква кај сите, освен кај грчките националисти, се вели во петицијата.