Виена: Меѓународната агенција за атомска енегија расправа за Иран

Меѓународната агенција за атомска енергија денеска во Виена расправа за иранското одбивање да ги запре нуклеарните активности. Шефот на агенцијата Мухамед Ел Барадеи, поднесе извештај во кој, меѓу другото, се наведува дека Иран ги игнорира барањата на меѓународната заедница, но изрази надеж дека сеуште може да биде постигнат договор. Американскиот амбасадор во Обединетите Нации Џон Болтон, изјави дека Иран ќе се соочи со болни последици доколку продолжи со збогатувањето ураниум и оти Соединетите Држави ќе ги искористат сите расположливи средства за запирање на иранскиот нуклеарен проект. Официјален Техеран повтори дека нема да се откаже од нуклерната програма за мирољубиви цели.