Москва: Посета на делегација на палестинската милитантна група Хамас

Делегација на палестинската милитантна група Хамас, предводена од политичкиот лидер Калид Машал, престојува во Москва на разговори со руски официјални претставници. Машал изјави дека проблемот на Блискиот Исток не се палестинците, туку израелската окупација. Тој оцени дека нема да има мир се додека Израел не се повлече од окупираните територии.