Подгорица: Предлог законот за референдум за независност пред пратениците

Собранието на Црна Гора на денешната седница би требало да се изјасни за предлог законот за референдумот за независност што, со посредство на Европската Унија, веќе е договорен меѓу власта и опозицијата. Во законот се предвидува дека референдумската одлука ќе биде валидна ако за неа се изјаснат пеесет и пет насто од излезените избирачи. Утре собранието би требало да го утврди и датумот на одржувањето на референдумот. Власта и опозицијата се согласија тоа да биде дваесет и први мај.