Тирана: Продолжува посетата на Бучковски

Македонскиот премиер Владо Бучковски кој од вчера престојува во посета на Албанија, денеска ќе биде примен од шефот на државата Алфред Мојсиу. Бучковски ќе учествува и на денешниот македонско албански бизнис форум во Тирана на кој ќе се разговара за интензивирање на деловната соработка меѓу двете земји.