Анкара: Посета на ирачкиот премиер Ибрахим Џафари

Ирачкиот премиер Ибрахим Џафари денеска во Анкара ќе разговара со премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган за за актуелните меѓу-верски судири во Ирак. Според последните податоци, во меѓу-верските насилства во Ирак во последниве неколку дена загинале над 300 лица. Ирачкото министерство за одбрана соопшти дека биле убиени 35-мина терористи, а околу 500 осомничени биле уапсени.