Бакуба: Убиени 12 фармери

Вооружено лице денеска убило 12 фармерски работници во ирачкиот град Бакуба при што денешниот биланс со други одвиоени инциденти изнесува 20 човечки животи. Убиството се случи и покрај полицискиот час воведен по насилствата врз сунитите кои избувнаа откако во средата беше бомбардирана светата шиитска џамија во Самара. Само во Багдад во секташки насилства беа убиени над 200 лица.