Хаг: Трибуналот го одби барањето на Милошевиќ за лекување во Москва

Судскиот совет на Хашкиот трибунал го одби барањето на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ привремено да биде пуштен од притвор за да се лекува во Москва. Тој на денешното судење одлуката ја оцени за неправедна и побара нејзино преразгледување. Милошевиќ во декември минатата година побара да се лекува во Москва.