Европа: Птичјиот грип продолжува да се шири

Во Европа продолжува ширењето на птичјиот грип. Во Словачка е откриен првиот случај на смртоносниот вирус Ха Пет Ен Еден кај две диви птици. Во Франција е потврден вториот случај на вирусот кај патка, а во Германија за прв пат вирусот на птичјиот грип е најден и кај домашни птици. Од почетокот на месецов Ха Пет Ен Еден избувна во 15 земји во светот.