Венецуела: Чавез се закани дека ќе го стопира извозот на нафта за САД

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез се закани дека ќе го стопира извозот на нафта за Соединетите Држави, обвинувајки го Вашингтон дека се обидува да ја дестабилизира венецуелската влада. Ваквиот коментар доаѓа откако американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека владата на Чавез е еден од најголемите проблеми во Јужна Америка.