Филипини: Продолжуваат спасувачките акции

Во централниот дел на Филипините продолжува акцијата на спасувачките екипи за извлекување на евентуалните преживеани, откако вчера од лизгање на земјиштето беше затрупано едно село на околу 700 километри од Манила. Досега биле пронајдени 57 преживеани лица, а најмалку илјада и 500 луѓе се сметаат за изчезнати. До лизгањето на земјиштето дојде по речиси едно-неделните силни дождови.