Охрид: Преговори за изготвување Конвенција за полициска соработка

Во Охрид од денеска до петок ќе се одржи третата рунда преговори за изготвување на Конвенцијата за полициска соработка на земјите од Југоисточна Европа. На преговорите, кои се во организација на Пактот за стабилност, учествуваат претставници од Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Молдавија и Хрватска.