Техеран: Иран потврди дека ги обновил нуклеарните активности

Иран денеска потврди дека ги обновил активностите за збогатување ураниум. Тоа го наредил иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат. Техеран денеска соопшти и дека преговорите со Русија за збогатување ураниум на нејзина територија, ќе се одржат во Масква на 20-ти овој месец.