Москва: Средба Фрадков-Де Вилпен

Рускиот премиер Михаил Фрадков во Москва се состана со неговиот француски колега Доминик Де Вилпен. Фрадков оцени дека трговската размена меѓу двете земји годинава ќе достигне 10 милијарди долари. Де Вилпен денеска ќе се состане и со рускиот претседател Владимир Путин при што се најавени разговори за иранската нуклеарна програма, блиско – источниот мировен процес и за билатерални прашања.