Приштина: Косовската преговарачка група на состанокот во Виена

Косовската група за преговори за идниот статус на Косово на состанокот во Приштина ја усвои Декларацијата за децентрализација на власта во покраината и се согласи дека делегација на Приштина на 20 февруари ќе учествува на состанокот во Виена, каде реформата на локалната управа ќе биде тема со која ќе започнат преговорите со Србија. Според белградските гласила новоизбраниот претседател на Косово и шеф на косовската преговарачка група Фатмир Сејдиу по синоќешниот состанок во Приштина изјави дека начелно е усвоена декларација за реформа на локалната управа. Сејдиу додаде дека Приштина е подготвена за почетокот на преговорите на 20 февруари во Виена и прецизираше дека дотогаш ќе биде определен составот на косовската делегација.