Техеран: Иран може да го напушти Договорот за неширење на нуклеарното оружје

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска предупреди дека Иран би можело да го напушти Договорот за неширење на нуклеарното оружје доколку меѓународната заедница го продолжи, како што рече, неправедниот притисок врз неговата земја околу нуклеарната програма. Ахмадинеџат ова го изјави за време на масовниот собир во Техеран по повод Двесет и седум годишнината од Исламската револуција. Тој исто така, повтори дека Холокаустот е мит кој им овозможил на ционистите веќе шеесет години да ги уценуваат западните земји. Според него, вистинскиот Холокауст се случува во Ирак и Палестина.