Пакистан: Над 20 загинати во експлозија

Над дваесет луѓе загинале, а неколу десетици други биле повредени кога бомбаш самоубиец денеска во Пакистан активирал експлозивна направа во поворката од шиитски муслимани. Полицијата соопшти дека експлозијата се случила во текот на одбележувањето на муслиманскиот празник Ашура во градот Хангу, во северозападниот дел на Пакистан.