Косовска Митровица: Едно лице загина при експлозија на бомба

Едно лице од српска националност загина изутрината при експлозија на бомба во северниот дел на Косовска Митровица, јавуваат српските медиуми. Претставник на УНМИК изјавил дека експлозијата не претставува етнички мотивиран напад, ами станува збор за самоубиство.