90 насто од акционерските друштва не добиваат дивиденда

Дури 90 насто од 220 илјади акционери во државава не земаат дивиденда, иако фирмите каде имаат капитал остваруваат профит. Причина за ова е нетранспарентното работење на менаџерите, кои во спрега со судската власт ги изигруваат законите на штета на акционерите, тврдат од здружението за заштита на акционерските права „Акционер“. Велешанката Љубенка Костовска, членка на здружението, веќе трета година не може да си ја наплати дивидендата што и следува од АД Ветекс, од каде е прогласена за технолошки вишок:

„Мораме да се обраќаме со писма до судот.“

Според претседателот на Акционер Васко Тодоровски малите акционери не може да присуствуваат ниту на акционерските собранија, не добивале информации за датумот на одржување, затоа што менаџерите го огласувале во малку читани медиуми:

„Менаџерските тимови не ги даваат записниците на акционерите.“

Поради ваквите проблеми, акционерите ги остваруваат правата по судски пат, а споровите траат од две до четири годии, а според Тодоровски трпи акционерскиот капитал.