Западен Брег: Средба на Махмуд Абаз со лидерите на Хамас

Палестинскиот претседател Махмуд Абаз денеска се очекува да се сретне со лидерите на Хамас. Абаз изјави дека е рано да се зборува за формирање на нова влада, но веројатно ќе побара од Хамас тоа да го направи. Пред тоа палестинскиот претседател ќе побара Хамас, кој ја победи неговата партија Фатах да ги почитува актуелните договори на палестинските власти.