Белград: Разговори со американскиот специјален претставник за косовскиот статус

Американскиот специјален претставник за преговорите за статусот на Косово Френк Визнер денеска во Белград ќе разговара со српскиот претседатл Борис Тадиќ и со премиерот Воислав Коштуница. Тој претходно престојуваше во Приштина каде што го пренесе американскиот став дека преговорите за статусот треба да завршат до крајот на годинава.