Џакарта: Протести на муслиманите поради карикатурата на пророкот Мухамед

Продолжуваат протестите на муслиманите во светот поради објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед во медиумите во Европа. Денеска во Џакарта околу триста индонезијци влегоа во холот на данската амбасада каде што го запалија знамето на таа земја. Палестински милитанти пак, стрелале врз францускиот културен центар во Газа. Карикатурите најпрвин, односно во септември минатата година беа објавени во едно данско списание по што беа пренесени и во некои други европски медиуми.