Ерусалим: Израел замрзна исплата на 45 милиони долари за палестинските територии

Израел ја замрзна месечната исплата од околу 45 милиони долари за палестинските територии, поради победата на Хамас на парламентарните избори. Овие пари Израел ги собираше од царинските давачки и секој месец им ги префрлаше на палестинските власти. Вчера и шефот за надворешна политика на Европската Унија Хавиер Солана изјави дека би можела да запре помошта од Брисел доколку Хамас не ја смени својата платформа. Хамас засега ја отфрла таквата можност.