Ерусалим: Посета на германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска престојува во прва официјална посета на Израел и териториите под палестинска управа. Според најавите таа треба да се сретне со вршителот на функцијата премиер на Израел, Ехуд Олмерт, а се очекува да ја изрази и својата загриженост по повод победата на милитантното движење Хамас на палестинските парламентарни избори.