Техеран: Иран ќе испрати делегација во Брисел на разговори со Британија, Франција и Германија

Иран потврди дека утре ќе испрати своја делегација во Брисел на разговори со Британија, Франција и Германија во врска со контроверзната иранска програма. Меѓународната агенција за атомска енергија треба да одлучи дали ќе го испрати Иран пред Советот за безбедност на Обединетите нации, за што соглчасност дадоа Соединетите држави, Франција, Германија и Британија. Нивната реакција следува по одлуката на Техеран да продолжи со своите нуклеарни активности.