Таџикистан: Сто лавини во последните 24 часа

Во планинаската област Памир, во Таџикистан, во последниве 24 часа се случиле над 100 лавини, при што најмалку едно лице загинало, а сите патишта кон југо-источниот регион Корог биле блокирани. Властите во Душнабе истакнуваат дека станува збор за гигантска непогода и оти спасувачките екипи се обидуваат да го деблокираат тој дел од земјата.