Аушвиц: ОН одбележува меѓународен ден на Холокаустот

Денеска Обединетите Нации по прв пат го одбележуваат меѓународниот ден на Холокаустот и 61 година откако советските трупи го ослободија од Нацистичка Германија концентрационот логор Аушвиц. Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ја истакна важноста трагедијата да биде запомната и да бидат отфрлени обидите кои ги негираат масовните убиства на евреите во Втората Светска Војна.