Малта: Парламентот ги ратификува договорите за прием на Бугарија и Романија во ЕУ

Парламентот на Малта ги ратификува договорите за прием на Романија и на Бугарија во Европската Унија. Шефот на дипломатијата Мајкл Френдо изјави дека Малта го поддржува и проширувањето на Унијата со Македонија, Хрватска и Турција.,,Сметаме дека вратата на Европската Унија би требало да остане отворена за овие земји доколку ги исполнат европските стандарди,, оцени Френдо.