Москва: Лавров го повика Иран на флексибилност

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го повика Иран да покаже флексибилност со цел да се намалат тензиите и да се овозможи обновување на преговорите за неговата нуклеарна програма. Лавров во Москва разговараше со иранскиот заменик шеф на дипломатијата Мехди Сафари. Европската Унија и Соединетите Држави бараат прашањето со иранската нуклеарна програма да се најде пред Советот за безбедност на Обединетите Нации.