Пакистан: Нема докази за убиени припадници на Ал Каеда во американскиот напад

Пакистанскиот премиер Шукат Азиз изјави дека истрагата не пронашла докази оти имало припадници на Ал Каида меѓу убиените во американските воздушни напади врз едно село на границата со Авганистан во минатата недела. Претходно беше соопштено дека меѓу осумнаесете загинати бил и еден експерт за бомби на Ал Каида по кого била распишана потерница од пет милиони долари.