Москва: Пет лица загинале од студ

Во изминативе дваесет и четири часа во Москва до смрт премрзнале пет луѓе, јавуваат руските агенции, додавајќи дека деветнаесет други се хоспитализирани откако биле најдени по улиците на градот. Станува збор за бездомници или пак за пијани лица. Во текот на неделава Русија беше зафатена со рекордно ниски температури кои достигнаа до минус триесет целзиусови степени.