Багдад: Американските сили ќе ослободат шест ирачки затвореници

Ирачкото министерство за правда соопшти дека американските сили ќе ослободат шест ирачки затворенички. Се прецизира дека тоа не било поврзано со барањето на радикалната група која во заложништво ја држи американската новинарка Џил Керол. Групата се закани дека ќе ја убие доколку не бидат ослободени сите ирачанки кои се во затвор.