Берлин: Откажано гала отворањето на СП во фудбал

Гала настанот со кој се планираше да биде отворено Светското првенство во фудбал во Германија е откажан. ФИФА соопшти дека тоа е направено поради стравувањето дека може да биде оштетена површината за играње на Олимпискиот стадион во Берлин. Меѓутоа, според денешниот германски печат, настанот е откажан поради високите трошоци и слабата продажба на билети.