Берлин: Состанок на шефовите на дипломатиите на Германија, Британија и Франција

Шефовите на дипломатиите на Германија, Британија и Франција ќе одржат состанок во Берлин за да ги координираат следните чекори по одлуката на Иран да продолжи со нуклеарната активности. Соединетите Држави и Европската Унија сметаат дека Иран сака да развие нуклеарно оружје додека Техеран тврди дека станува збор за цивилна програма. Вашингтон и Лондон најавија дека ќе побараат Иран да се соочи со санкции од Советот за Безбедност на Обединетите Нации.