Тел Авив: Потребни се недели за определување на здравјето на Шарон

Израелските лекари изјавија дека ќе минат недели, а можеби и месеци пред да се определат штетите што врз мозокот на израелскиот премиер Ариел Шарон ги направи ударот и операциите. Инаку Шарон, според лекарите,полека се опоравува иако се уште не е надвор од целосна опасност.