Џек Абрамов ќе соработува со владата, а таа ќе му „прости“ проневера од милиони долари

Откривањето на скандалот околу вашингтонскиот лобист Џек Абрамов покажа дека дури и во Соединетите Држави, со пари можат да се избегнат правните бариери. Неделава, Абрамов се бранеше од обвинувањата за проневера на неколку милиони долари. Тој се согласи да соработува во тековните истраги на владата, кои треба да докажат дали членови на Конгресот им давале повластен третман на Абрамов и неговите клиенти во замена на нивните донации во политичките кампањи.
Земјите како Русија која во изминативе 10 години подготви различни верзии на нацрт-закони за лобирање, конечно можат да откријат што се случи со лобирачката индустрија во Вашингтон. Кенет Грос е поранешен шеф на секторот за принуда во федералната изборна комисија. Тој објаснува дека иако американската јавност го смета лобирањето за нешто скриено и сомнително, овој чин самиот по себе не е нелегален.

„Лобирањето е практика на влијание врз официјални лица, било тоа да се законодавци или членови на извршната власт. Првиот амандман од Уставот на Соединетите Држави ви го штити правото да ја коригирате вашата влада. И не постои лимит за тоа колку некој може да се плати за лобирање. Тоа е активност заштитена со Уставот. Ако јас сакам да платам милион долари за поддршка на некој член од Конгресот, тоа е мој приоритет. И тоа е перфектно легално.“

Џек Абрамоф и неговите помошници донирале стотици илијади долари во политички кампањи, честопати во исто време кога законодавците подготвувале документи кои ги засегаат нивните клиенти. Ова исто така не е нелегално. Приходите можат да се доведат во прашање само ако се докаже дека биле поврзани со поддршката на соодветниот документ. Шефот на етичкиот комитет на Американската лига на лобисти, Том Сасман вели дека процесот против Абрамов докажува дека постоечките закони за лобирање функционираат.

„Има некои области во кои законот не е доволно јасен. Тешко е тие да се разјаснат. Прашањето е, како да знаете дали еден од гласовите за рускиот увоз за кој се пишуваше во печатот, бил на некој начин одговор на понудените услуги или подароци од другата страна? И таа врска е тешко да се објасни. Не знам дали и законот може да ви помогне да ја разјасните истата.“

Фред Вертејмер, председател на непрофитната Демократија 21 која работи на реформите за финансирање на кампањите вели дека иако е тешко да се докаже постоењето на вакви врски, не значи дека не треба да се направи обид,

„Господинот Абрамоф беше толку расипан, агресивен и прекумерен во неговата алчност, што доведе до тоа неговиот случај да се појави во јавноста, а со него и потенцијален број на членови на Конгресот кои ќе бидат во голема невоја.“

Вертејмер предвидува дека нивото на скандалот ќе предизвика окрупнување на етичките правила и регулирање на лобирањето на врвот од агендата на Конгресот, додавајќи дека ова е најголемиот корупциски скандал во Конгресот во последните 35 години.

Но дали новите правила ќе бидат применувани? Центарот за јавен интегритет изработи анализа за лобирачката индустрија минатата година. Било откриено дека во последните шест години, 49 од вкупно 50-те топ фирми за лобирање не ги пополниле бараните формулари за откривање на нивните активности.

Но дури и ако новите правила имаат негативен ефект врз професијата лобирање, оваа индустрија веќе е доволно развиена. Во меѓувреме, бројот на сенаторите и конгресмените остана ист.