Техеран: Преговори меѓу Русија и Иран за нуклеарната програма

Во Техеран денеска започнаа преговорите меѓу делегациите на Русија и на Иран во врска со иранската нуклеарна програма. Главна тема е рускиот предлог, според кој, збогатувањето на иранскиот ураниум би се вршело во Русија и на тој начин би се намалила загриженоста на меѓународната организација дека Иран произведува нуклеарно оружје. Состанокот се одржува зад затворени врати.