Шри Ланка: 15 морнари загинале во самоубиствен напад врз воен брод

Тамилските бунтовници извршиле самоубиствен напад врз еден воен брод на силите на Шри Ланка, при што загинале 15-мина морнари, е соопштено во Коломбо. Од минатиот месец, кога се интензивираа нападите на тамилските бунтовници врз владините сили, досега настрадаа 115 лица, а Соединетите Држави изразија загриженост дека во Шри Ланка би можело да избувне граѓанска војна.