Вашингтон: Боинг во 2005 со рекорден број нарачки

Американкиот производител на авиони Боинг во 2005 добил рекорден број нарачки. Продадени се 1002 комерцијални авиона, а рекордот беше 877 авиона продаени во 1988 година. Највеќе нарачки се добиени од Кина и Индија, а голем број и од Блискиот Исток. Европскиот производител Ербас потпишал продажба на 752 авиона.