Москва: Русија и Украина се согласија да го надминат спорот со природниот гас

Русија и Украина се согласија да го надминат спорот околу плаќањето на рускиот гас со кој се снабдува Украина. Ова е соопштено по денешните разговори во Москва меѓу раководствата на руската државна компанија Газпром и на украинската Нафтогаз. Според новиот петгодишен договор, Украина за рускиот гас ќе плаќа двесте и триесет долари за илјада кубни метри. Претходно, плаќаше пеесет долари.