Скопје: Почнува едношалтерскиот систем во Македонија

Денеска и официјално почнува едношалтерскиот систем во Македонија кој, како што се очекува, треба да придонесе за скратување на времето за регистрација на фирма од сегашните четириесет и осум на пет дена. Регистрацијата ќе се врши во канцелариите на Централниот регистер во Скопје, Штип и Битола, а до крајот на февруари тоа ќе може да се прави во триесетина други градови во Македонија.