Москва: Газпром ја запре испораката на гас за Украина

Додека Москва и Киев разменуваат обинувања за кризата со гас која влезе воп вториот ден Европската Унија и Русија изразија загриженост поради одлуката на Русија да ја запре испораката на гас за Украина и побраа двете земји да го решат проблемот што ќе гарантира непречена испорака и за другите европски земји. Откако државниот Газпром вчера ја запре испораката за Украина барајки покачување на цената според нивото на светскиот пазар од 50 на 230 долари за илјада кубни метри, Австрија, Унгарија, Полска и Словачка јавија за редуцирани испораки на гасот од Русија. Украина смета дека Русија на овој начин сака да ја дестабилизира земјата. Според руски Газпром, Украина вчера украла 100 милиони кубнуи метри гас од гасоводите кои транзитираат кон Западна Европа. Американскиот Стејт Депертмент соопшти дека чекорот на Русија создава енергетска несигурност и го издигнува прашањето дека енергијата се користи како политички притисок.