Индонезија: Шестмина загинати во експлозија

Шест лица загинаа, а 45 се повредени рано изутринава во експлозија на бомба на пазар во индонезискиот град Палу, во централната област Сулавеси, соопшти индонезиската полиција. Според полицијата, сите жртви во нападот се христијани. Претседателот Сусило Бамбанг Јудојоно го осуди нападот и ја повика полицијата да утврди дали тој е поврзан со серијата напади врз христијани во Сулавеси, извршени од радикални исламистички групи во текот на годинава.