Вашингтон: Буш го одобри продолжувањето на Патриотскиот закон

Американскиот претседател Џорџ Буш го потпиша документот со кој се продолжува примената на антитероричкиот „Патриотски закон" до 3 февруари, како и Законот со кој се забранува груб и нехуман третман на затвореници. „Патриотскиот закон" е усвоен по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година и со нив значително се проширени овласувањата на федералните власти од спроведување тајни истраги, добивање на приватни податоци до прислушкување на разговори со цел за откривање терористи.