Јемен: Ослободени германските државјани

Киднаперите од племето Ал Абдалах во Јемен денеска го ослободија поранешниот германски дипломат Јирген Кробог и четирите членови на неговото семејство по тридневно заложништво, соопштија властите во Сана. Други детали за ослободувањето на германските државјани не се соопштени. Кробог, кој беше киднапиран со сопругата и тројцата синови, е експерт за решавање на кризни ситуации.