Багдад: Петмина загинати во две експлозии

Пет лица загинаа и десет беа повредени денеска при истовремена експлозија на два автомобили-бомби во центарот на Багдад. Експлозиите се случиле на крстосница, во близина на автобуска станица, соопшти претставник на силите за безбедност.