Пекинг: Кина го укинува данокот за земјоделците

Кина го укинува данокот за земјоделците кој беше во сила повеќе од две илјади и петстотини години. Кинеската агенција Хсинхуа јави дека овој специјален данок ќе биде укинет на први јануари идната година со цел да им се помогне на селските општини кои заостануваат од индустриските предели во земјата.