Западен Брег: Еден израелски војник загинал во самоубиствен бомбашки напад

Во денешниот самоубиствен бомбашки напад врз еден контролен пункт на Западениот Брег, загинал еден израелски војник, а двајца други биле повредени. Израелското радио соопшти дека нападот го извршила жена за која се верува дека е палестинка. Претходно, Израел го гранатираше северниот дел на Појасот Газа со цел, како што е наведено, да ги спречи палестинските милитанти да ги продолжат ракетните напади врз Израел.